• недела, 24 ноември 2024

Приведени двајца албански државјани поради шверц на 50 килограми охридска пастрмка

Приведени двајца албански државјани поради шверц на 50 килограми охридска пастрмка
Скопје, 19 август 2022 (МИА) - Лишени се од слобода двајца државјани на Албанија откако на влезот во струшкото село Радолишта во нивното возило биле пронајдени 50 килограми риба од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал – Струга. - Денеска (19.08.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал-Струга, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, кај крстосницата на влез во село Радолишта, струшко, лишени од слобода се  С.М.(39) и А.С.(43) двајцата од Р.Албанија, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, при извршената контрола во патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 81 парче охридска пастрмка и 20 рибарски мрежи. С.М. и А.С. се приведени во полициската станица за Граничен надзор Франгово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. сх/бак/

Остани поврзан