• понеделник, 29 јули 2024

Приведена штипјанка која се обидела да размени фалсификувана банкнота

Приведена штипјанка која се обидела да размени фалсификувана банкнота

Скопје, 24 март 2023 (МИА) - Вчера изутрината околу 09.00 часот, полициски службеници од штипската Полициска станица ја лишиле од слобода штипјанката С.Ш. (56), поради сомнение дека во менувачница во Штип се обидела да размени фалсификувана банкнота од 100 евра.

Банкнотата била одземена за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/сп/

Остани поврзан