• четврток, 26 декември 2024

Приведена скопјанка осудена на четири години и три месеци затвор

Приведена скопјанка осудена на четири години и три месеци затвор
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од тимот потраги од одделенијата за криминалистички работи Центар и Бит Пазар вчера ја лишиле од слобода С.Д. (26) од Скопје, барана за доиздржување затворска казна. Какк што соопшти Министерството за внатрешни работи, таа била осудена на казна затвор од четири години и три месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик, а била барана по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од речиси шест месеци. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната, инфромираат од МВР. рп/сп/

Остани поврзан