• четврток, 26 декември 2024

Приведена припадничка на Армијата заради вршење поткуп

Приведена припадничка на Армијата заради вршење поткуп

Скопје, 20 мај 2023 (МИА) - Во заедничко дејствување, припадниците на Службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство вчера привеле припадничка на Армијата на Република Северна Македонија заради вршење на кривично дело поткуп.

-Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да и даде 3.000 евра за да биде примен. Кандидатот е успешен и секако ќе беше примен, а лакомата вработена е лишена од слобода, ќе го изгуби работното место и ќе биде кривично гонета исто како и нејзините соучесници.
Ова нека биде порака за сите: за криминалот нема место во Армијата!, напиша министерката за одбрана, Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил.

Таа ги охрабри сите да ги пријавуваат ваквите случаи. 

-Криминалот и корупцијата ќе добијат жесток и бескомпромисен одговор, напиша Петровска. дма/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан