• среда, 25 декември 2024

Приведена кумановка, фатена при грабеж во маркет

Приведена кумановка, фатена при грабеж во маркет
Скопје, 22 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 19:30 часот, ја лишиле од слобода кумановката Е.П.(41). -Таа била фатена на дело при одземање пари од каса во маркет на ул.„АВНОЈ“ во Куманово. Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.П. била приведена и задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. дма/са/

Остани поврзан