• четврток, 05 декември 2024

Приведена кавадарчанка за обид со туѓа лична карта да подигне пари

Приведена кавадарчанка за обид со туѓа лична карта да подигне пари

Кавадарци, 4 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници вчера ја лишиле од слобода Н.И., на возраст од 47 години од Кавадарци, постапувајќи по пријава од вработена во финансиско друштво, дека се обидела со туѓа лична карта да подигне парични средства, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Таа била приведена во полициска станица, а личната карта ѝ била одземена. По документирање на настанот, против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан