• среда, 13 ноември 2024

Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот

Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) – Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје денеска и утре ќе возат само до 10 часот наутро, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму.

Тие бараат финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила и велат дека, од јануари, кога зеле само дел од средствата, не им се исплатени средства за услугата што ја даваат поради што веќе немаат пари за гориво и за одржување на возилата.

-До петок ќе возиме само до 10 часот, а потоа ќе решиме што ќе правиме, изјави вчера за МИА Оливер Петрушевски.

Нагласи дека дел од превозниците имале средба со разрешениот директор на ЈСП Скопје на која им ветил дека постепено ќе им ги исплаќа заостанатите средства и дека до септември целосно ќе им го исплати долгот. Во моментов, посочи, немаат никаква најава што ќе се случи по неговото разрешување и назначувањето на новиот директор на ЈСП. вј/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан