• вторник, 24 декември 2024

Прехранбени и хигиенски пакети за ромската заедница во Берово

Прехранбени и хигиенски пакети за ромската заедница во Берово
Берово, 2 мај 2020 (МИА) - Во Берово се поделени 70 прехранбени и 70 хигиенски пакети наменети за ромската заедница во градот. Активноста се реализираше со поддршка на волонтери од невладината организација „Сонце“ од Тетово и во соработка со Црвениот крст и фондација „Отворено општество-Македонија“.
-Дистрибуцијата на хуманитарната помош се реализираше согласно препораките за заштита од вирусот Ковид-19, со тоа што волонтерите заштитени влегуваа во домовите на корисниците. Со оваа помош се надеваме дека и овој пат им помогнавме на повеќе семејства за полесно справување во овие тешки моменти, истакнаа донаторите.
Освен во Берово дополнителни 1.260 хуманитарни пакети на загрозени ромски семејства се распределени и во Радовиш, Струмица, Кавадарци, Неготино, Кичево, Кочани, Штип и Велес, односно во општините кои не биле опфатени со првата дистрибуција на хуманитарна помош.
Претходно, хуманитарна помош за ромската заедница беше обезбедена со поддршка на неколку организации и поединци од Берово. вс/бак/

Остани поврзан