Претходните штипски советници мора да ги вратат таблетите
- Советниците од претходниот Совет во Општина Штип имаат обврска да ги вратат назад таблетите што ги користеле во мандатот од 2017 до 2021 година. Деновиве на адреса на претходните советници им
Штип, 22 ноември 2022 (МИА) - Советниците од претходниот Совет во Општина Штип имаат обврска да ги вратат назад таблетите што ги користеле во мандатот од 2017 до 2021 година. Деновиве на адреса на претходните советници им било испратено известување дека таблетите во функционална состојба треба да се вратат во простотиите на Општина Штип.
Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова – Ангелова вели дека ваквото известување е поради тоа што таблетите биле дадени на реверс.
- Овие таблети чии број изнесува 23, колку што има советници во Советот на Општина Штип, беа дадени на реверс на советниците кои имаа маднат од 2017 до 2021 година и овие денови им испративме известување дека имаат обврска да ги вратат тие таблети во просториите на Општина Штип, вели Шорова- Ангелова.
Додава дека доколку не се во функционална сосотојба, советниците од претходниот Совет на општината ќе треба сами да ја надоместат штетата. Дали актуелните советници во советот ќе добијат таблети или лаптопи сѐ уште е неизвесно, бидејќи општината нема предвидено буџет за таа намена.
-Уште кога е земен реверсот, тие се известени дека доколку не се функционални треба да ја надоместат штетата. Во моментот Општина Штип во рамки на буџетот нема планирано средства, но се надевам во наредниот период ќе го сториме и тоа, додаде Шорова -Ангелова.
Посочи дека лаптопите пред сѐ служат за работни активности, увид во матреијалите за седниците, а откако ќе се утврди дали се во исправна состојба ќе им бидат дадени на актуелните советници. вдј/цр