• недела, 24 ноември 2024

Претставување на туристичката понуда на Црна Гора

Претставување на туристичката понуда на Црна Гора
Скопје, 7 јуни 2021 (МИА) -  Туристичката понуда на Црна Гора како сигурна летна дестинација ќе биде претставена денеска во Скопје, во организација на Амбасадата на Црна Гора во Северна Македонија и црногорската Национална туристичка организација. Настанот ќе го отвори амбасадорот на Црна Гора во државава Марија Петровиќ, а туристичата понуда ќе ја претстави менаџерот на Националната туристичка организација Лилјана Чукиќ. Ќе биде претставена и кампањата „Заедно со природата“, која има за цел, како што посочуваат од Амбасадата, да го прикаже природното и културното наследство на Црна Гора. фф/лв/

Остани поврзан