• среда, 25 декември 2024

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои нацрт-закони за финансирање на министерствата за одбрана и за внатрешна безбедност

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои нацрт-закони за финансирање на министерствата за одбрана и за внатрешна безбедност

Вашингтон, 29 септември 2023 (МИА) - Претставничкиот дом на САД усвои нацрт-закон за финансирање на Министерството за одбрана, јавија британските медиуми, забележувајќи дека тоа се случи откако претседателот на Долниот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти, го отстрани финансирањето за Украина, на барање на тврдокорните членови на неговата Републиканска партија.

Претставничкиот дом на САД, исто така, усвои нацрт-закон за финансирање на Министерството за домашна безбедност.

Предлог-законите се меѓу неколкуте изгласани законски проекти, на крајот на седницата во текот на ноќта, што меѓутоа нема да спречи делумно затворање на владата, од недела, 1 октомври.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан