• четврток, 19 декември 2024

Претставници Регионалниот центар за следење на шумски пожари во посета на ТППЕ Берово

Претставници Регионалниот центар за следење на шумски пожари во посета на ТППЕ Берово

Берово, 20 септември 2023 (МИА) - Регионалниот центар за следење на шумски пожари, во периодот од 18 до 22 септември 2023 година, одржува работилница за изградба на капацитети за мониторирање на пожари во Берово.

Во склоп на работилницата денеска беше организирана посета на ТППЕ Берово, со цел преглед на досегашните искуства во користење на донираната опрема и возила од страна на SDC . 

-Изразивме благодарност за донацијата дрон и споделивме искуства за неговото користење, споделувајки ја информацијата со гостите дека имаме обучени шест лица од Берово и Пехчево за пилотирање со дронот, истакнаа од ТППЕ Берово.

На работилницата учествуваше и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој заблагодарувајќи се за подршката и донацијата, рече дека со неа во значителни размери се зајакнале капацитетите на ТППЕ Берово. 

Во рамки на работилницата командирот на одделение, Димитар Гошевски, пред присутните ја претстави опремата - возилата и униформите со кои располага единицата, потенцирајки дека опременоста на единицата во моментот е на повисоко ниво. 

Средбата заврши со разгледување на донираната опрема и споделување на искуства од противпожарна заштита, од страна на беровските пожарникари. 

Работилницата се одржува во склоп на проектот „Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан" финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC)  организирана од Регионалниот центар за следење на пожари, координирана од ФАРМАХЕМ – Скопје, со советодавна поддршка на ХЕЛВЕТАС од Швајцарија. вс/ев/

ФОТО: МИА

Остани поврзан