• вторник, 17 декември 2024

Претставници од Министерството за јавна администрација на работилница за регионална соработка и иновации во унапредување на ЕУ интеграцијата на Западен Балкан

Претставници од Министерството за јавна администрација на работилница за регионална соработка и иновации во унапредување на ЕУ интеграцијата на Западен Балкан

Скопје, 16 декември 2024 (МИА) - Претставници од Министерството за јавна администрација учествуваат на дводневна работилница во Подгорица, посветена на Националните програми за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) и Регионалната тематска група за интеграција во ЕУ, организирана од Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA).

Како што денеска соопштија од Министерството за јавна админситрација, настанот обединува клучни претставници од земјите на Западен Балкан кои активно ги водат преговорите за пристапување во Европската Унија, управуваат со претпристапната помош и го координираат создавањето на критични документи за интеграција во ЕУ.

Фокусот на работилницата е ставен на теми кои овозможуваат прилагодување кон новата методологија за проширување на ЕУ, усогласување на националните рамки и институционална координација како и јакнење на националните програми за усвојување на правото на ЕУ (НПАА).

- ReSPA продолжува да има важна улога во јакнењето на административните капацитети на Западен Балкан, преку поттикнување на регионалната соработка, унапредување на реформите и поддршка на европската интеграција. Оваа иницијатива е дел од пошироките напори за обезбедување просперитетна иднина за регионот како дел од европското семејство, се наведува во соопштението.

Како што се вели во соопштението, Министерството за јавна администрација останува посветено на својата улога во напредокот на реформите и интегративниот процес, кој води кон заедничка и одржлива европска иднина. цр/лв

 
Фото: Кабинет на Министерот за јавна Администрација

Остани поврзан