• среда, 25 декември 2024

Претставници од ДОМ на 39. Конгрес на Европските зелени

Претставници од ДОМ на 39. Конгрес на Европските зелени

8 декември 2024 

Ко-претседателите на ДОМ, Ана Угринска и Антони Новотни, учествуваа на 39. Конгрес на Европските зелени, кој се одржа во Даблин, Ирска. На конгресот се дискутираше за актуелната политичка состојба во светот, социјалната правда, одржливото земјоделство, туризмот и енергијата, како и за креирање локални политики што ќе ја поддржат зелената транзиција.

На конгресот беа избрани новите ко-претседатели на Европските зелени, Вула Цеци и Киаран Каф, кои добија речиси едногласна поддршка од зелените партии низ Европа. Нивната визија е насочена кон справување со екстремната десница и зајакнување на праведната зелена транзиција што ќе придонесе за подобри политики и подобар квалитет на живот во глобални рамки.

ДОМ останува посветен на европските зелени вредности и преку своите активности ќе придонесува кон остварување на целите на Европските зелени кои ќе водат до подобар животен стандард за сите нас.
 

Демократска обнова на Македонија 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан