• среда, 13 ноември 2024

Претставници на организацијата РРОМА на средба со беровскиот градоначалник Пекевски

Претставници на организацијата РРОМА на средба со беровскиот градоначалник Пекевски

Берово, 23 септември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски одржа информативна донаторска средба со претставници на организацијата РРОМА и коалициските организации КХЕТАНЕ. Од општината информираа дека средбата се реализираше во рамки на активностите за подобрување на животот на граѓаните од ромската заедница.

-На средбата се разговараше за придобивките и предизвиците на заедницата, ромските организации и донаторите. Како позначен заклучок од средбата, исто така е подршката на иницијативите, кои ја олеснуваат мобилизацијата и ангажирањето на заедницата, како клучно значење за да се обезбеди ефективност, одржливост и инклузивност, на проекти и активностите за сите засегнати страни, со особен акцент на ромска инклузија, посочуваат од општинската прес-служба.

Градоначалникот Пекевски ја повторил заложбата за понатамошна соработка со сите организации кои работат на подобрување на животот на ромската заедница.

Информативната средба е одржана во рамки на проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нов вид пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“, финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка. вс/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан