Претставници на Независниот синдикат на државна администрација на средба со советникот за труд на премиерот
- - Тема на разговор беа и додатоците на плата, законот за систем на плата и донесувањето што е можно побрзо на овој закон со што ќе имаме урамнување во делот на платите во делот на јавниот сектор. Кога зборувам за јавниот сектор, мислам и за безбедносниот сектор. Вработените во безбедносниот сектор треба да имаат посебен додаток во тој дел. Разговарано е за актуелните проблеми и побарано е што побрзо да се донесе закон за административни службеници со нашите предлог забелешки. Начинот на оценување на вработените во јавниот сектор треба да биде транспарентен и аполитички и секој да има право на приговор, жалба во евентуалното оценување, изјави Горан Ристески, претседател на НСДА.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.