• среда, 25 декември 2024

Претставници на МАЕИ на средба со делегација на Советот на Европа

Претставници на МАЕИ на средба со делегација на Советот на Европа
Дебар, 22 ноември 2022 (МИА) - Делегација на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), предводена од претседателот Васил Стерјовски, во Корча оствари средба со делегација на Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа.
- На средбата делегацијата на МАЕИ ја запозна делегацијата со положбата на Македонците во Албанија и за предизвиците со кои се соочуваат во правец на зачувување и унапредување на нивната култура и јазични права, вклучително и правата поврзани со образованието, верските права, пристапот до медиумите, учеството во јавниот живот и други прашања, пренесе весникот „Македониум".
Советодавниот комитет е независно тело за следење на човековите права, специјализирано за заштита на правата на националните малцинства.
- Делегацијата на Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа е во мониториг мисија на Албанија со цел да ја испита ситуација со правата на малцинствата во оваа земја, наведува „Македониум". вт/хс/

Остани поврзан