• сабота, 23 ноември 2024

Претставници на Амбасада на Чешка во посета на Берово

Претставници на Амбасада на Чешка во посета на Берово

Берово, 7 август 2024 (МИА) - Претставници на Амбасада на Чешка во РС Македонија меѓу кои и конзулот Давид Ченохорски денеска имаа работна посета на Општина Берово. При посетата, како што информираа од Општината, остварија средба со градоначалникот Звонко Пекевски, а имаа и состанок со земјоделци од Беровскиот регион.

- Остварена беше средба со локални, правни лица од доменот на земјоделие, производство и преработка на храна и посета од страна на конзулот Давид Чернохорски од Амбасадата на Чешка во земјава и земјоделскиот дипломат, Владимир Вања од Амбасадата во Белград, кој е акредитиран и за Република Северна Македонија, во просториите на Општина Берово. На средбата, на која беа присутни претставници од локалниот бизнис сектор, се водеше конструктивна дискусија за начините и можностите за соработка помеѓу двете држави, информираа од Општината.

Во рамки на посетата била остварена посета на повеќе субјекти од Малешевијата, што се занимаваат со производство на домашни производи.

- Гостите ги споделија контактите  иоставија простор за секакви прашања и комуникација во иднина, додадоа од Општината. 

Најавија пренесување на искуствата од беровските земјоделци, со цел продлабочување на соработката во периодот кој следи. вс/цр


Фото: МИА

Остани поврзан