• недела, 24 ноември 2024

Претставник од Министерството за јавна администрација претседаваше со 62-от состанок на Управниот одбор на ReSPA во Љубљана

Претставник од Министерството за јавна администрација претседаваше со 62-от состанок на Управниот одбор на ReSPA во Љубљана

Скопје, 5 октомври 2024

Шефот на кабинетот на Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Маја Рисова Мутлулар, денеска претседаваше со шеесет и вториот состанок на Управниот одбор на Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA).

На состанокот, кој се одржа во Љубљана, учествуваа претставници од министерствата за јавна администрација на земјите од Западен Балкан, кои членуваат во највисокото тело на Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA).

Како претседавач со состанокот, Рисова Мутлулар ја истакна важноста од одржаните продуктивни дискусии кои ќе ја обликуваат иднато стратешко дејствување на РеСПА.

„Денешниот дијалог беше непроценлив во поттикнувањето на мисијата на ReSPA, поттикнувањето на регионалната соработка и споделувањето на најдобрите практики во реформите на јавната администрација“, рече таа.

Состанокот се реализира по неодамнешната реорганизација во македонската влада, во која поранешното Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) беше поделено на два нови субјекти - Министерството за јавна администрација и Министерството за дигитална трансформација.

Во таа насока, а во рамки на своите надлежности, Министерството за јавна администрација, претставувано од  Рисова Мутлулар, ќе продолжи со активното учество на Република Македонија во иницијативите и програмите на ReSPA.

На овој состанок, исто така, беше најавено дека Министерството за јавна администрација на Република Македонија ќе биде домаќин на 16-от состанок на Управниот одбор на ReSPA на министерско ниво во Скопје во Ноември 2024 година.
„Како домаќини, со задоволство очекуваме да Ви посакаме добредојде на Вас и Вашите министри во Скопје“ - посочи таа, истакнувајќи ја посветеноста на министерството за поттикнување и унапредување на регионалната соработка и иновациите во јавната администрација.

ReSPA преставува Меѓународна организација формирана од земјите од Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Црна Гора и Србија со цел промоција на  регионалната соработка на полето на јавната администрација, развојот на човечките ресурси во согласност со основните принципи на Европскиот административен простор и зајакнувањето на административните капацитети за пристапување во Европската Унија.

Министерството за јавна администрација

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан