• четврток, 26 декември 2024

Претстава за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом“ по истоимената сликовница на 19 ноември

Претстава за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом“ по истоимената сликовница на 19 ноември

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Театарска претстава за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом“ создадена од истоимената сликовница на авторката Наташа Дукоска ќе се одржи на 19 ноември во Скопје. Сликовницата на Наташа Дукоска е во издание на „Чудна Шума“.

Целта на претставата е подобро претставување на ликовите од сликовницата. Како што најавија организаторите, под мотото „Во недела во Јавна соба облеките ќе оживеат”, децата ќе имаат можност да ѕирнат во светот на облеките и да ги запознаат главните ликови блузата Лефти и панталоните Рајти.

-Белата блуза Лефти и панталоните Рајти, ликови од сликовницата, се оживеани благодарение на актерите Гоце Андонов, Ана Димитрова и Надица Дојкоска од Театар за тебе, под режија на Изабела Јакимова. „Театар за тебе" e организација која е активна една година и континуирано создава претстави и работилници за деца. Најпозната нивна работилница е „Марсовски пикник", а особено се барани и по едукативната претстава ,,Мобиленд". Токму овој тим стои и зад адаптацијата на оваа прекрасна сликовница во театарски перформанс и работилница, велат во најавата организаторите.

Оттаму информираат дека после првата распродадена театарска претстава за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом”, закажана е и втора претстава која ќе се одвива подоцна во текот на истиот ден.бт/са/

Остани поврзан