Претставата „Соѕвездија“ во Драмски театар во Скопје
- Во Драмски театар во Скопје вечер ќе биде изведена претставата „Соѕвездија“ на режисерката Нела Витошевиќ по текст на Ник Пејн. Претставата е гостување на Театар Куманово и се реализира во рамките на соработката на театрите со цел публиката да се запознае со продукциите на повеќе национални театри.
Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Во Драмски театар во Скопје вечер ќе биде изведена претставата „Соѕвездија“ на режисерката Нела Витошевиќ по текст на Ник Пејн. Претставата е гостување на Театар Куманово и се реализира во рамките на соработката на театрите со цел публиката да се запознае со продукциите на повеќе национални театри.
Улогите ги толкуваат актерите Александра Пешевска, Мирослав Петковиќ, Нина Максимова, Марко Трајковиќ, Владанка Крстевски и Давид Илиќ. Асистент на режија е Драгана Гунин, сценограф е Васил Христов, композитор е Огнен Анастасовски, а костимограф е Розе Трајческа.
-Соѕвездија е претстава за изборот на одлуки што го дефинираат правецот на нашиот живот, за слободната волја, за улогите на случајноста и неочекуваните ситуации (што ни ги носи животот), за загубата и разделбата од најблиските, вели драматургот Зоран Зафировски.
Премиерата на претставата „Соѕвездија“ е изведена во септември 2021 година, а годинава учествуваше на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица.бт/дма/
Фото/ Драмски театар Скопје