• сабота, 28 декември 2024

Претставата „Глумици“ вечер на сцената на велешкиот театар

Претставата „Глумици“ вечер на сцената на велешкиот театар

Велес, 17 март 2023 (МИА) - Во велешкиот народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечер ќе се одржи претставата „Глумици“ во изведба на „Артопија“. 

Во претставата играат Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Кристина Леловац, Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Никола Наковски, Никола Ристески, Дениз Ајдаревиќ. Сценски дизајн е на Ненад Тонкин, а музиката на Дино Имери.

Како што информираат  од велешкиот театар, претставата говори за стотина минути од нашите животи, во кои заедно играме, плачеме и пееме за сите нас во театарот и за него во светот - за вредностите, традициите, хиерархиите, предрасудите што нè/го одредуваат. Споделувајќи задоволство, многу хумор, но и грижа еден за друг, препуштање, искреност, радикална ранливост, ГЛУМиЦИ - создавајќи го - заговара свет, кој е помалку суров, а повеќе сочувствителен.

Билетарата на велешкиот Народен театар  работи секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот, кога и може да се купат билети за оваа и останатите претстави од репертоарот на велешкиот театар.ад/бт/

 

Остани поврзан