• среда, 18 декември 2024

Претседател на Финска: Кина може да ја запре војната во Украина со еден повик

Претседател на Финска: Кина може да ја запре војната во Украина со еден повик

Хелсинки, 3 јули 2024 (МИА) – Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека Кина може да биде клучот за ставање крај на руската агресија врз Украина, објави Бизнис Инсајдер.

Кинеското влијание врз Русија, според Стуб, произлегува од сѐ поголемата зависност на Русија од таа земја, додека се бори со економските санкции од Западот.

- Тврдам дека Русија во моментов е толку зависна од Кина што еден телефонски повик од претседателот Си Џинпинг би ја решил оваа криза, рече Стуб. - Ако рече, време е за почеток на преговори за мир, Русија би била присилена на тоа, тврди Стуб. - Не би имале друг избор, додаде тој.

Стуб, чија земја се приклучи на НАТО во април минатата година, верува дека посредувањето во мирното решавање на војната во Украина е во интерес на Кина.

- Ако Кина е вистински заинтересирана за мирни односи меѓу националните држави, не може да дозволи земја како Русија да води империјалистичка, агресивна и колонијална војна против независна национална држава, рече Стуб.

- Тоа е вистинската работа што треба да се направи. А тоа исто така би покажало и лидерството на Кина, додаде тој.

Си Џинпинг неодамна беше домаќин на рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг, каде што ја истакна желбата на Кина за меѓународна мировна конференција која би ги вклучувала и Русија и Украина. ссм/

фото: архива

Остани поврзан