• среда, 18 декември 2024

Претседател на Лекарската комора: Повеќе од 550 лекари и медицински работници го напуштиле Косово за пет години

Претседател на Лекарската комора: Повеќе од 550 лекари и медицински работници го напуштиле Косово за пет години

Приштина, 7 август 2023 (МИА) - Претседателот на Лекарската комора на Косово Плеурат Сејдиу изјави дека во претходните пет години Косово го напуштиле повеќе од 550 лекари и медицински работници.

Тој за приштинскиот портал Газета експрес изјави дека од тие заминувања најмногу е погоден хируршкиот сектор, пред се на анестезиолозите.

Автоматски се намалуваше работата во халите, се зголемуваа листите на чекање, а со тоа и незадоволството на пациентите, рече Сејдиу. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан