• среда, 27 ноември 2024

Претседателство со ЕУ - товар на грбот на Ангела Меркел

Претседателство со ЕУ - товар на грбот на Ангела Меркел
12 Јули 2020 Дојче Веле Ангела Меркел повеќе пати за време на нејзиниот мандат како канцеларка беше обвинета дека не е „Европејка со чисто срце“, дека и недостасува страст. Сепак, во нејзиниот прв говор пред Европскиот парламент откако Германија го презеде претседателството со ЕУ од Хрватска, таа се обиде да биде малку поемотивна. По корона-кризата Европа се соочува со најголемиот тест во својата историја и „Европа ќе треба да се промени ако сакаме да ја заштитиме и зачуваме“. „Никој не може сам“ „Јас верувам во Европа, не само како наследство од минатото, туку како надеж и визија за иднината“, рече Меркел за Европската унија, која со години се соочува со нови кризи. Таа всушност зборува за уставниот спор, за финансиската криза, бегалците… Сето ова доведе до повреди на одредени земји членки, кои сега треба да се надминат. „Европа од кризата ќе излезе посилна, ако заеднички ја зајакнеме. Затоа што никој не може сам “. Меркел постојано зборува за основните демократски вредности на ЕУ, за вредностите и правата како заедничка основа. Суспендирањето на тие права, како на пример, поради корона-кризата, никогаш не би смеела треба да стане правило, рече германската канцеларка, очигледно алудирајќи на Виктор Орбан од Унгарија, кој сè уште припаѓа на семејството на нејзините демохристијани во Европската народна партија (ЕПП). Но, што всушност сака да каже канцеларката, кога ги истакнува демократските вредности на ЕУ? Познато е дека таа се залага почитувањето на владеењето на правото да биде поврзано со распределување на средства од европските фондови. Сепак, таа никогаш доследно не се придржуваше кон оваа контроверзна тема, затоа што тоа наидува на жестоко противење од Унгарија и од другите земји. И малку е веројатно дека овие теми ќе бидат разгледани и сега, кога и онака е комплицирано да се постигне единство околу буџетот на ЕУ и фондовите за реконструкција по короната. Главна тема на Ангела Меркел се вредностите на политичкото и финансиското единство. „Солидарноста не е само хуман гест, туку одржлива инвестиција. Таа не само што е политички неопходна, туку и ќе се исплати“. Во овие зборови на канцеларката се гледа дека таа во наредните ноќи на преговори формално ќе апелира до своите колеги. „Секој компромис ќе ви користи и на национално ниво“. Нејзината мантра е - единство околу милијарди за короната ќе биде во интерес на сите земји-членки. Нема време за губење Зад тие убави зборови, всушност се крие сурова борба за пари. Ангела Меркел уште еднаш се заложи за германско-францускиот предлог за формирање фонд за обнова во висина од 500 милијарди евра - Европската комисија и Европскиот парламент бараат дури 750 милијарди. - Нашата цел е да постигнеме договор што е можно побрзо, уште ова лето, рече канцеларката. Не смееме да губиме време, затоа што во спротивно тоа ќе ги погоди најслабите. И тоа бара голема голема подготвеност за компромис од сите страни. Во исто време, канцеларката предупреди дека не би смееле да бидат оптоварени само економски силните земји; мора да се размисли за тоа колку земјите би можеле да дадат во политичка и социјална смисла. Но, спорот околу Фондот за обнова и следниот буџет на ЕУ се одвива во позадина на „глобалните превирања“ и протерувања, кризни области на европските граници и ослабениот трансатлантски сојуз. Меркел, пак, Кина ја спомна прилично лапидарно. Таа зборува за стратешки врски, блиски трговски врски и отворен дијалог и не кажа ниту еден збор за Хонг Конг или кршењето на човековите права на Ујгурите. Канцеларката доби аплауз за нејзиното забележување како корона-кризата поставува граници на „популизмот кој ги крие фактите“. „Во демократијата се потребни вистина и транспарентност“, рече Меркел. Како „љубител на класичната музика“, Меркел на крајот зборуваше за 250-от роденден на Бетовен, за европската химна и за идејата за братство и слога. Ова не беше најдобриот говор на Ангела Меркел, но нејзиното претседателство и онака ќе се мери со она што ќе го постигне на крајот. Многу Германци ... Претседателката на Европската комисија, уште една Германка Урсула фон дер Лајен, се обиде да се оддалечи од канцеларката. Таа зборуваше за големо очекување од германското претседателство, но и за тоа дека треба да се учи од грешките на финансиската криза. За многу Европејци тоа беше кошмар: невработеност, опаѓање на јавните инвестиции, уништување на државните програми… „Не мора да биде така“, рече Фон дер Лајен, јасно отфрлајќи ја вчерашната политика на штедење со една молба за силна програма за обнова. После неа, зборуваше Манфред Вебер, шеф на Пратеничкиот клуб на демохристијаните во Европскиот парламент. Тој ја потсети Ангела Меркел на нејзината историска одговорност и ја спореди со европските основачки фигури, како Роберт Шуман и Конрад Аденауер. Со секоја од неговите реченици, товарот на нејзиниот грб беше поголем. Убави зборови за неа најде и претседателката на Зелените, Ска Келер, која ги поздрави ветувањата на Ангела Меркел за борба против климатските промени и која, всушност, на тој начин само уште повеќе ги зголеми критериумите. Тогаш критика од десно дојде повторно од еден Германец, шефот на Алтернатива за Германија, Јерг Мојтен, во неговата функција како европратеник. Вообичаено жестоката критика на Левицата доаѓа од Мартин Ширдеван. Повторно Германец. Дали волкаво присуство на Германци ќе се сфати како закана ? Кога се работи за претседавањето, сепак ќе надвладеат многу високите очекувања од искуството и политичката способност на Ангела Меркел – освен кај десничарските популисти. Во моментално длабоката криза на многумина им изгледа подобро на кормилото да биде силна земја која ќе ја води ЕУ во наредните шест месеци. Грешки и пропусти под вакви околности не се потребни. Сите сега од Ангела Меркел очекуваат – СЕ. јт/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан