• недела, 24 ноември 2024

Претседателството на ДПМ ја одржа првата конститутивна седница

Претседателството на ДПМ ја одржа првата конститутивна седница
Скопје, 9 јуни 2022 (МИА) - Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на 1 јуни ја одржата првата конститувна седница. На 28 мај, писателот Христо Петрески беше избран за нов претседател, а Кристина Николовска е претседателка на Собранието. Како што соопштија од Друштвото, во новото раководство се членовите Весна Мојсова Чепишевска, Зоран Анчевски, Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Марина Мијаковска, Александра Јуруковска, Јулијана Величковска, Васил Тоциновски и Славчо Ковилоски. По предлог на претседателот Христо Петрески за секретари беа предложени и избрани Васил Тоциновски за внатрешни односи и активности и Марина Мијаковска за меѓународна соработка. Во однос на ревијата „Стожер“, како што соопштија од ДПМ, таа ќе се печати во тираж од 300 примероци, годинава ќе бидат објавени четири броеви, а секој член ќе може лично во Друштвото да го подигне својот бесплатен примерок. Ревијата Стожер ќе биде поставена и во електронска форма на страницата на ДПМ. Редакцијата на „Стожер“ ќе ја сочинуваат Славчо Ковилоски, главен и одговорен уредник, Лилјана Пандева, лектор, Стефан Марковски, Лејла Шериф Емин и Даниела Андоновска Трајковска. Во однос на клубот „Ванчо Николески“, за координатор е избран Перо Миленкоски. Се предлага координаторот да има мандат една година. Секоја година ќе се избира нов координатор за Клубот „Ванчо Николески“. За координатор на клубот „Даница Ручигај“ е избрана Билјана Станковска. Се предлага координаторот да има мандат една година. Секоја година ќе се избира нов координатор за Клубот „Даница Ручигај“. Од ДПМ исто така најавија дека манифестација „Поетски Вавилон“ ќе се одржи на 21 јуни, и со овој настан ќе одбележат 75 години постоење. Овој настан ќе го организира Кристина Николовска. бт/ац/

Остани поврзан