• среда, 25 декември 2024

Претседателски избори во Црна Гора: До 12 часот гласале 31,1 отсто или 168 илјади избирачи

Претседателски избори во Црна Гора: До 12 часот гласале 31,1 отсто или 168 илјади избирачи

Подгорица, 2 април 2023 (МИА) - Во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора до 12 часот гласале околу 168,7 илјади гласачи или 31,1 отсто, соопшти Центарот за демократска транзиција, пренесе МИНА.

Според податоците на оваа невладина организација, во јужниот регион на земјата гласале 25,8 отсто, во централниот 33,6 отсто, а во северниот 31,3 отсто.

Во првиот круг од изборите на 19 март до 12 часот своето избирачко право го искористија 29,9 отсто од граѓаните.

На претседателските избори во 2018 година до истиот период гласале 27,2 отсто од граѓаните, а на парламентарните избори во 2020 година гласале 45,3 отсто од граѓаните.

Во вториот круг од изборите учествуваат кандидатите на Демократската партија на социјалистите и на Движењето Европа сега, Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ.

Право на глас во Црна Гора имаат 542.154 граѓани, а гласачките места се отворени до 20 часот. сд/

Остани поврзан