• сабота, 27 јули 2024

Претседателските избори во Шри Ланка ќе се одржат во септември

Претседателските избори во Шри Ланка ќе се одржат во септември

Коломбо, 26 јули 2024 (МИА) – Изборната комисија соопшти дека претседателските избори во Шри Ланка ќе се одржат на 21 септември.

Последните претседателски избори се одржаа во ноември 2019 година, кога беше избран Готабаја Раџапакса, кој во јули 2022 година под притисок на протестите поради економскиот колапс на земјата поднесе оставка.

По оставката на Раџапаска, Парламентот го именува Ранил Викремесинг за претседател на Шри Ланка.

Во 2023 година, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри околу 3 милијарди долари за поддршка на политиките и реформите на Шри Ланка погодена од кризата.

Шри Ланка по економската криза, што резултираше со недостиг на гориво, гас, лекови и храна, и предизвика до социјални немири и протести низ целата земја се обрати за помош до Меѓународниот монетарен фонд. Во 2023 година ММФ одобри околу три милијарди долари за поддршка на политиките и реформите на 22-милионската држава. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан