• петок, 27 декември 2024

Претседателот Пендаровски ја посети „Костал Македонија“ во Охрид

Претседателот Пендаровски ја посети „Костал Македонија“ во Охрид

Скопје, 23 септември 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети фабриката „Костал Македонија“ во Охрид, која е дел од германската групација „КОСТАЛ“ за производство на делови и компoненти за автомобилската индустрија.

За време на посетата, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, беше запознаен со производствените капацитети, со актуелните проекти, идните бизнис насоки и инвестициски проекции на компанијата.

Во разговорот со генералниот директор на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, претседателот бил информиран дека низ технолошки развиен, напреден и високо софистициран процес, фабриката произведува и делови коишто се вградуваат во најмодерните електрични и хибридни возила. Претседателот Пендаровски бил информиран дека компанијата придонесува и на домашен план, поттикнувајќи личен развој и задржување на младите и стручни кадри во земјата, а воедно разговарал и со млади инженери кои посетуваат тренинг во „Костал Македонија“. дма/сп/

Остани поврзан