• четврток, 26 декември 2024

Претседателот Пендаровски упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Пендаровски упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците
Скопје, 28 септември 2021 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија, по повод Меѓународниот ден на Бошњаците. -Во нашиот заеднички дом, Република Северна Македонија, деценија и половина со гордост се празнува овој значаен ден како симбол на богатата историја и култура, обичаи и фолклор на припадниците на бошњачкиот етникум. Токму со своите специфики и светоглед, Бошњаците заземаат особено место во сите општествени текови во нашата татковина, но и во целиот балкански регион, збогатувајќи го бесценетиот мозаик од различни култури и традиции, стои во честитката. Пендаровски порачува дека благодарение на придонесот на сите етнички заедници државава претставува пример за функционално мултиетничко општество. -Нека нашиот соживот, заедништвото и почитта бидат влог во градењето на стабилна, просперитетна и економски развиена држава. Сплотени да ги надминеме сите здравствени, економски и политички закани кои се надвиснуваат врз нашата татковина и врз нас како индивидуи. Да ги премостиме сите пречки и да ги надминеме сите искушенија, стремејќи се кон подобра и посветла иднина. Дозволете, уште еднаш, да ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците и да ви посакам добро здравје, радост, среќа и бериќет, истакна претседателот Пендаровски.свс/дма/

Остани поврзан