• четврток, 26 декември 2024

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври - Денот на народното востание

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври - Денот на народното востание
Скопје, 11 октомври 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, по повод 11 Октомври - Денот на народното востание, денеска положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, на платото пред Владата на Република Северна Македонија.

Делегации од Кабинетот на претседателот присуствуваа на чествувањето на Денот на народното востание и во Куманово и Прилеп и положија цвеќе пред Спомен – костурницата во Куманово, споменикот на Методија Андонов - Ченто и  пред споменикот на Кузман Јосифовски – Питу и Могилата на непобедените во Прилеп.

Свеченостите по повод 11 Октомври – Денот на народното востание годинава се одржаа под мотото „Секогаш на вистинската страна“, стои во соопштението од кабинетот на претседателот. вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан