• недела, 28 јули 2024

Претседателот Пендаровски го прими британскиот амбасадор Метју Лосон

Претседателот Пендаровски го прими британскиот амбасадор Метју Лосон

Скопје, 12 февруари 2024 (МИА) - Билатералните односи и соработката меѓу двете држави, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот, при што соговорниците изразија задоволство од развојот на севкупните односи, кои ги карактеризира пријателство, меѓусебна доверба и цврсто партнерство, биле темите на кои денеска на средба разговарале претседателот на државата Стево Пендаровски и мбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.

Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, на средбата биле разменети и мислења и информации за актуелните прашања поврзани со интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, за соработката и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата, како и за билатерални прашања од взаемен интерес.

- Претседателот Пендаровски изрази увереност дека Обединетото Кралство ќе продолжи со конкретната поддршка и помош во остварувањето на македонските стратешки приоритети и се заблагодари за постојаната британска поддршка за клучните прашања од нашата независност до денес, се наведува во соопштението од кабинетот на Претседателот на РСМ. цр/са/

Фото: кабинет на претседателот Стево Пендаровски

 

Остани поврзан