• четврток, 26 декември 2024

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот француски амбасадор, Сирил Бомгартнер

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот француски амбасадор, Сирил Бомгартнер
Скопје, 9 ноември 2020 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Сирил Бомгартнер, посакувајќи му успех во извршувањето на оваа мошне одговорна и важна функција.
-Имам исклучително задоволство и голема чест и во услови на крајно загрижувачката состојба со пандемијата да ги примам акредитивите од Неговата Екселенција, претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, со кои Вие сте именуван за вонреден и ополномоштен амбасадор на Француската Република во Република Северна Македонија, истакна во поздравен говор претседателот Пендаровски.

Тој во оваа пригода ја посочил огромната почит за македонско-француските односи и за плодната соработка која се одвива во многу области од заемен интерес, базирана на традиционалното пријателство и меѓусебно разбирање.

-Во декември годинава заеднички ќе ја прославиме 27-мата годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите две држави. Во втемелувањето на македонско-француските односи, важна улога имаа и многу политичари, дипломати, писатели, уметници и бизнисмени. Меѓу нив е и францускиот сенатор Робер Бадентер, чиишто дела ќе бидат засекогаш врежани во државотворноста на мојата земја, истакна Пендаровски.

Нашите земји и народи, како што потенцира претседателот Пендаровски, отсекогаш биле блиски, споделувајќи ја вредноста на националното мото и движечката сила на Француската револуција: слобода, еднаквост, братство. Водени од мислата дека сите луѓе треба да имаат еднакви права и горди на својата историја, идентитет и почитување на културните и јазични разновидности, обете, во сиот изминат период, како што нагласи тој, покажаа дека можат да се потпрат една на друга.

-И како што во минатото за време на двете светски војни бевме на истата страна, на страната на правдата и слободата, така сме и сега. Денес, со членството на Северна Македонија во НАТО, нашите армии и војници споделуваат заеднички вредности и желба да се заштитат тие вредности, нагласи Пендаровски.

Притоа, како што посочи, позитивен пример не се само политичките односи и односите во одбраната, туку и соработката во сите останати области, почнувајќи од културата, образованието, науката, локалната самоуправа, внатрешните работи и службите за разузнавање, па сè до туризмот и релациите меѓу младите луѓе.

 -Посебен квалитет дава и нашата дијаспора во Франција, која сè повеќе се зголемува со бројот на млади коишто одлучуваат да го продолжат своето школување на реномираните високообразовни институции. Додадена вредност во нашите односи се и членството, соработката и активностите во Меѓународната организација на франкофонијата, преку кои ги промовираме франкофонската култура  и францускиот јазик, доближувајќи ги до нашите сограѓани, истакна претседателот Пендаровски.

Во своето обраќање, шефот на нашата држава, посочи дека Француската Република како традиционален пријател безрезервно ги поддржуваше и ги поддржува нашите идеи за интеграција на земјите од балканскиот регион во европското семејство, а во тие рамки и на Република Северна Македонија. - Поткрепата и експертизата која ја добиваме од Вашата влада за евроинтегративниот процес, за нас, е од голема и непроценлива важност. Северна Македонија покажа дека има капацитети да носи тешки одлуки со кои државата оди напред. По подавањето рака на помирување со нашите соседи, следејќи го француско-германскиот модел, посветени сме на јакнење на владеењето на правото, правната држава и на борбата против криминалот и корупцијата, додаде Пендаровски.

Веруваме, рече Пендаровски, дека Франција како еден од столбовите на Европската Унија, со својата поддршка ќе придонесе Северна Македонија, во овој за нас клучен период, успешно да заокружи уште една фаза во европската интеграција и формално да ги започне пристапните преговори. - Новата методологија за нас претставува предизвик со кој веруваме дека можеме успешно да се справиме и да докажеме дека сме решителни во нашата намера за максимален ангажман во преговарачкиот процес. Воедно сум убеден дека одлуката за мојата земја ќе испрати позитивен сигнал и за целиот регион, чија европеизација нема алтернатива и е единствениот пат за зацврстување на демократијата, заедничките европски вредности и забрзан економски раст и развој, рече Пендаровски.

Во оваа смисла, Пендаровски го замоли амбасадорот да ја пренесе благодарноста до претседателот Макрон, кој преку своите лични заложби потврди дека Европа, нема да биде целосна, сè додека не ѝ се приклучат државите од Западен Балкан.

Амбасадорот Сирил Бомгартнер истакна дека пријателството меѓу нашите две земји е дамнешно за што сведочат и многубројните посети, а ќе ја споменам и вашата на Париз во месец ноември минатата година.

-Мојата мисија почнува во нов суштински момент, тоа е патот на интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија. Франција ја поддржува оваа перспектива, која стана уште појасна благодарение на донесените храбри политички одлуки.  Целта за влез во Европската Унија претставува стратешки приоритет. Самото членство, во дадениот момент, ќе значи заокружување на еден процес кој е отпочнат уште од независноста, кој минал низ многу етапи, како што е членството во Меѓународната организација на Франкофонијата, а потоа и во НА, нагласи амбасадорот Бомгартнер.

Тој посочи дека Франција ќе биде внимателен и добронамерен партнер, искрен и пријателски и на конкретен план, ќе се обиде да помогне со европски и билатерални средства.

 -Оваа стратешка цел претставува заеднички приоритет. Затоа што не станува збор само за проширување туку за обединување на европското семејство, меѓу членови кои споделуваат исти вредности. Новата стратегија за земјите од Западен Балкан, посакувана и донесена од страна на Претседателот на Реп, рече францускиот амбасадор.

Тој посочи дека новите реформи кои се очекувани, ќе придонесат и за економски развој на Северна Македонија, кон кој Франција има желба да го даде својот придонес, но и ќе помогнат за зајакнување на националното единство. дма/ац/

 

Остани поврзан