• четврток, 26 декември 2024

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Скопје, 6 јуни 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Ангола во Република Северна Македонија со седиште во Будимпешта, Жозе Филипе.

Како што информира Кабинетот на Пендаровски, на церемонијата на предавање на акредитивните писма шефот на државата изрази убедување дека со својот ангажман и богато професионално искуство, амбасадорот Филипе ќе придонесе за изнаоѓање на нови форми за содржинско збогатување на билатералната соработка меѓу двете држави.

-Дозволете ми да ја истакнам искрената подготвеност на Република Северна Македонија за унапредување на соработката со Република Ангола. Во годината кога одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, посебно би сакал да ја истакнам нашата желба за збогатување на нормативно-правната рамка за уредување на билатералните односи, како и нашиот интерес за унапредување на економската соработка, рече претседателот Пендаровски.

Во своето обраќање, амбасадорот Филипе ја пренесе подготвеноста на Владата на Ангола за создавање врски за соработка со Република Северна Македонија во најразновидни домени на заеднички интерес, имајќи ги секогаш како базични принципи почитта помеѓу двете суверени држави, солидарноста и пријателството помеѓу народите.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Филипе му посака успех во извршувањето на функцијата. мд/са/

Фото: Кабинет на претседателот Пендаровски 

Остани поврзан