• вторник, 24 декември 2024

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Панама

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Панама

Скопје, 23 февруари 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Панама во Република Северна Македонија, Ана Марија Рејес Кастиљо, со седиште во Рим.

-На церемонијата на предавање на акредитивните писма, посакувајќи и успешен мандат, претседателот Пендаровски изрази уверување дека и покрај географската оддалеченост на двете држави и нивната припадност на различни региони, постои заемен интерес и значителен потенцијал за сеопфатна и плодна соработка, во интерес на народите на двете земји, информираат од кабинетот на претседателот.

Новоименуваната амбасадорка Ана Марија Рејес Кастиљо го пренела интересот на Република Панама за изнаоѓање на заеднички иницијативи за унапредување на размената во делот на културната, трговската и научната соработка. сст/ац/

 

Остани поврзан