• сабота, 23 ноември 2024

Претседателот на „Њујорк Никс“ доби отказ

Претседателот на „Њујорк Никс“ доби отказ
Њујорк, 4 февруари 2020 (МИА) - Њујорк никс му дадоа отказ на претседателот Стив Милс (60), кој важеше за еден од најлошите оперативци во НБА. Во моментот Никс се со резултат од само 15 победи и 36 порази. Според Њујорк пост, Скот Пери ќе остане генерален менаџер на никси кои оваа сезона го сменија и тренерот Дејвид Фицдејл. Како прв пик на сопственикот на Њујорк за позицијата на Милс се споменува Масаи Уџири, кој во овој момент е претседател на актуелниот првак Торонто, и чиј договор со репторси е со важност до 2021 година.
Милс беше именуван за претседател на Њујорк никс во 2017 година, по четирите години што ги мина како потпретседател во клубот. Неговото доаѓање во никси се поврзува со „црн“ статистички биланс. Некогаш моќната и славна франшиза во последните години забележа 178 победи и доживеа дури 365 порази што според архивата на ЕСПН е најлош скор во НБА лигата од 2013 година. сѓд/

Остани поврзан