• среда, 25 декември 2024

Претседателот на Шри Ланка понуди оставка по бранот протести

Претседателот на Шри Ланка понуди оставка по бранот протести
Коломбо, 9 јули 2022 (МИА) - Претседателот на Шри Ланка Готабаја Раџапакса одлучи да се повлече од функцијата на 13 јули, објави денеска парламентарниот спикер Махинда Јапа Абејвардена. Соопштението е објавено откако демонстрантите побараа од претседателот и премиерот да поднесат оставка. Тие упаднаа во резиденцијата и канцеларијата на претседателот и ја запалија приватната резиденција на премиерот. „На претседателот му треба време да поднесе оставка за да обезбеди непречена транзиција на власта“, рече Абејвардена во изјавата емитувана на телевизија. зш/

Остани поврзан