• четврток, 26 декември 2024

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во официјална посета на Бугарија

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во официјална посета на Бугарија

Подгорица, 20 февруари 2023 (МИА) - Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска пристигнува во официјална посета на Бугарија на покана на шефот на бугарската држава Румен Радев при што се очекува да се разговара за актуелни теми од регионалната агенда и европската перспектива на Западен Балкан, како и за безбедноста и енергетиката.

Во рамки на посетата на Бугарија, претседателот на Црна Гора ќе се сретне со вршителот на должноста премиер Галаб Донев.

Румен Радев лани во јули беше во официјална посета на Црна Гора на покана на Мило Ѓукановиќ. паг/

Остани поврзан