• четврток, 26 декември 2024

Претседателот на Хетафе: Рубијалес не може да остане на функцијата ниту една минута, премиерот мора да интервенира доколку не си замине

Претседателот на Хетафе: Рубијалес не може да остане на функцијата ниту една минута, премиерот мора да интервенира доколку не си замине

Мадрид, 23 август 2023 (МИА) - Претседателот на Хетафе, Анхел Торес ги повика шпанските власти да интервенираат во случајот со Луис Рубијалес.

 

- После тој случај, тој сите нè нарече кретени. Треба да се отпушти, не може ни минута да остане на функцијата! Ако не поднесе оставка, Педро Санчез треба да интервенира, изјави Торес.

 

Првиот човек на Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ), Луис Рубијалес, ја прегрна и бакна во усните шпанската фудбалерка Џенифер Хермосо по победата на Шпанките во финалето на Светското првенство за жени над Англија (1:0).

 

Шпанскиот вицепремиер и министер за труд и социјална економија Јоланда Дијаз го повика Рубијалес да поднесе оставка поради бакнежот: Вознемируваше жена. 

 

Премиерот Педро Санчез исто така го осуди претседателот на федерацијата: „Ова е неприфатливо. Извинувањето не е доволно, тој треба да ја поправи ситуацијата, беа зборовите на Санчез. зс/

 

Фото: Твитер

Остани поврзан