• сабота, 23 ноември 2024

Претседателот на Финска сака да го укине правото на вето на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН

Претседателот на Финска сака да го укине правото на вето на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН

Хелсинки, 18 септември 2024 (МИА) - Финскиот претседател Александар Стуб повика на проширување на Советот за безбедност на ОН, ставање крај на правото на вето на поединечните држави и отстранување на секоја земја-членка вклучена во „нелегална војна“ како што е руската инвазија на Украина.

Стуб посочи дека ќе се приклучи на барањата за реформи за време на Генералното собрание на ОН, каде ќе се разговара и за составот на 15-члениот Совет за безбедност. Постојаните земји членки кои имаат право на вето се пет, а останатите 10 се менуваат на ротациска основа.

Финскиот претседател во интервју за Ројтерс рече дека верува оти бројот на постојани членки треба да се зголеми на 10 и предложи да им се придружат по две земји од Африка и Азија и една од Латинска Америка.

САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија, исто така, поддржуваат две африкански земји да се приклучат на телото како постојани членки.

„Ниту една земја не треба да има право на вето во Советот за безбедност на ОН“, рече Стуб. Тој, исто така, посочи дека секој член на Советот за безбедност што учествува во нелегална војна „како што Русија во моментов води во Украина“ треба да биде протеран.

Сите промени во составот на Советот за безбедност мора да бидат одобрени од две третини од Генералното собрание, вклучувајќи ги и петте земји со право на вето. паг/

Фото: Фејсбук



 

 

 

Остани поврзан