Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати се сретна со албанскиот амбасадор Фатос Река
- Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати денеска оствари средба со Фатос Река, амбасадор на Албанија во државава.
Скопје, 20 јануари 2021 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати денеска оствари средба со Фатос Река, амбасадор на Албанија во државава.
На средбата е презентирана уставната положба на Уставниот суд неговите надлежности, но и предизвиците со кои се соочува судот во нивното остварување.
-На крајот од средбата двете страни заклучија дека одличните односи помеѓу двете држави, се отсликани и во односите помеѓу уставните судови на Република Северна Македонија и Република Албанија и нивната соработка во меѓународните асоцијации во кои членуваат и чија меѓусебна соработка се планира во иднина да биде продлабочена, стои во соопштението од Уставниот суд.
На средбата присуствуваа и судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари и генералниот секретар на Уставниот суд, Александар Лазов.ки/лв/