Претседателот на Уставниот суд Костадиновски на работна средба со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ
- СООПШТЕНИЕ - На средбата заеднички беше констатирано дека двете држави негуваат одлични пријателски односи во кои значајна улога има соработката меѓу уставните судови.

24 февруари 2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија, Н.Е. Невена Јовановиќ.
На средбата заеднички беше констатирано дека двете држави негуваат одлични пријателски односи во кои значајна улога има соработката меѓу уставните судови.
Претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката со приоритетите во својот мандат и искажа интерес за продлабочување на соработката помеѓу двата уставни судови преку организирање на билатерални средби и учество на конференции од значајни теми во областа на уставното право.
Уставен суд
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки