• недела, 24 ноември 2024

Претседателот на ТХП Ибрахим оствари средба со првиот парламентарец на Турција Куртулмуш

Претседателот на ТХП Ибрахим оствари средба со првиот парламентарец на Турција Куртулмуш

Скопје, 16 февруари 2024

Претседателот на Партијата за движење на Турците - ТХП, пратеникот Енес Ибрахим во Анкара оствари средба со Претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Нуман Куртулмуш.

На средбата Ибрахим истакна дека по НАТО алијансата, Северна Македонија и Турција ќе го продолжат стратешкото партнерство и на патот кон ЕУ, додавајќи дека традиционалните пријателски односи меѓу двете земји се основаат на цврсти и искрени заеднички вредности. 

И двете страни се согласни дека одличната соработка меѓу Северна Македонија и Турција ќе продолжи да се унапредува во сите клучни сфери.

На средбата исто така се разговараше и за политичко - општествените случувања во нашата земја, како и положбата на турската заедница во Северна Македонија.

Фото: ТХП
Партија за движење на Турците - ТХП

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан