• сабота, 23 ноември 2024

Претседателот на Тунис ја презеде функцијата за втор мандат

Претседателот на Тунис ја презеде функцијата за втор мандат

Тунис, 22 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Тунис, Каис Сајед, ја презеде функцијата за втор мандат, откако во изминатите месеци локалните медиуми известуваа за репресии и низа апсења на неговите политички противници.

Неколку недели по изборната победа со 90,7 отсто од гласовите, 66-годишниот поранешен професор по право, во вчерашниот инаугуративен говор повика на „културна револуција“, со цел борба против невработеноста, тероризмот и корупцијата.

„Целта е да се изгради држава во која секој може да живее достоинствено“, изјави Саид пред членовите на тунискиот парламент.

Повторниот избор на Сајед на 7 октомври доаѓа по бурен прв мандат, во кој го распушти парламентот, го преработи уставот на земјата по Арапската пролет и затвори десетици критичари од политиката, медиумите, бизнисот и граѓанското општество. Тој дел од репресиите ги оправда како неопходни во борбата против корупцијата и државните непријатели, користејќи популистички пристап. Сајед настојуваше да ги привлече разочараните Тунижани од насоката во која неговите претходници ја водеа земјата по националните протести што доведоа до падот на Зин ел Абидин Бен Али во 2011 година. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан