• среда, 25 декември 2024

Претседателот на „Тојота“ нема да присуствува на отворањето на Токио 2020 поради страв од нарушување на угледот

Претседателот на „Тојота“ нема да присуствува на отворањето на Токио 2020 поради страв од нарушување на угледот
Токио, 19 јули 2021 (МИА) - Претседателот на „Тојота“ нема да присуствува на церемонијата на отворање на Олимпијадата Токио 2020, поради страв од нарушување на угледот на компанијата. Тојота е еден од спонзорите на Олимписките игри. Исто така, компанијата за производство на автомобили нема да прикажува ТВ реклами поврзани со Олимписките игри, иако однапред има подготвено видеа. Оваа одлука беше донесена поради страв од нарушување на имиџот на компанијата, бидејќи многу Јапонци се спротивставија на одржувањето на Игрите-2020. зс/

Остани поврзан