• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претседателот на ССК, Ангелоски панелист на отворањето на Берлинскиот економски форум

Претседателот на ССК, Ангелоски панелист на отворањето на Берлинскиот економски форум

Скопје, 3 март 2025 (МИА) - Претседателот на Сојузот стопански комори (ССК) Трајан Ангелоски ќе биде панелист на отворањето на Берлинскиот економски форум (БЕФ) 2025 што ќе се одржува од 3-ти до 6 март. 

Како што информира СКК, тема на годинашниот БЕФ е „Меѓународен бизнис, одржливи инвестиции и еколошки проекти за унапредување на глобалниот развој, демократијата и мирот".

Во рамки на Форумот ќе биде лансирана т.н. Берлинска иницијатива „За дипломатско решение на израелско-палестинскиот конфликт".

-БЕФ има за цел да ги анализира и истражува националните економски политики и нивните апликации со посебен фокус на одржливиот бизнис, одговорните странски инвестиции и одржливоста на животната средина. Говорници ќе бидат водечки политичари, високи дипломати, академици и економисти, шефови на корпорации, претприемачи и новинари, наведува СКК.

Нагласува и дека Ангелоски ќе учествува на првата панел дискусија за Берлинската иницијатива заедно со поранешниот македонски претседател Ѓорѓе Иванов, како и со Иван Иванов, претседател на Одборот Меѓународен центар Алијанса на цивилизации.

-Визијата на БЕФ е да донесе интердисциплинарна група претставници од јавниот и приватниот сектор за да се иницираат и развијат програми и проекти кои ќе поддржат одржлив економски раст, демократија и мир, истакнува ССК. мч/ац/

Фото: ССК

Остани поврзан