Претседателот на Собранието Гаши го честита празникот Водици
- Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Водици во која истакнува дека овој празник ја носи пораката на духовно прочистување и надеж, потсетувајќи нѐ на значењето на заедништвото и посветеноста во градењето на напредна и праведна држава.
Скопје, 19 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Богојавление - Водици во која истакнува дека овој празник ја носи пораката на духовно прочистување и надеж, потсетувајќи нѐ на значењето на заедништвото и посветеноста во градењето на напредна и праведна држава.
- Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, Ви упатувам честитки по повод празникот Водици. Овој празник ја носи пораката на духовно прочистување и надеж, потсетувајќи нѐ на значењето на заедништвото и посветеноста во градењето на напредна и праведна држава. На православните верници им посакувам овој ден да донесе внатрешен мир, а во нивните домови да владеат здравјето, благосостојбата и спокојот - наведува Гаши во честитката. лв/