• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претседателот на СМИР, Пајкоски го запознал Националниот координатор Куч со проблемите на Македонците муслимани

Претседателот на СМИР,  Пајкоски го запознал Националниот координатор Куч со проблемите на Македонците муслимани

Дебар, 4 февруари 2025 (МИА) - Претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР), Латиф Пајкоски, денеска остварил средба со Салко Куч, национален координатор за меѓуетнички и меѓуресорски прашања во македонската Влада.

- Му благодарам на господинот Куч за денешната средба, која мина во пријатна атмосфера. Го запознав со проблемите со кои се соочуваат Македонците муслимани, а ги разгледавме можностите и начините за надминување на истите. Исто така разговаравме и за поголемата застапеност на Македонците муслимани во институциите на централно и локално ниво, рече Пајкоски за МИА.

За, како што ја оценува, многу пријателската средба, објави и националниот координатор, Куч.

- Пајкоски како голем патриот и голем познавач на состојбите во државата даде свои сугестии и модели кои ќе му ги предочам на премиерот Христијан Мицкоски, напиша Куч во објава на Фејсбук.

Двајцата потврдуваат дека се договориле да остварат средби во текот на Светиот месец Рамазан, една во Скопје а втората во Жировница, едно од најголемите долно рекански села, општина Маврово и Ростуше, каде што постојано живее Пајкоски. вт/сст/


Фото: Куч Фб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан