Претседателот на Севилја за желбата на Рамос да се врати: И јас сакам авион ама.....
- Претседателот на Севилја, Хозе Кастро не сака Серхио Рамос да се врати во клубот.
Севилја, 15 август 2023 (МИА) - Претседателот на Севилја, Хозе Кастро не сака Серхио Рамос да се врати во клубот.
- Не знам што друго да кажам. Ќе кажам овде и сега: немаме никакви преговори со Рамос. Таква опција никогаш немало, бидејќи не ни одговара.
Серхио Рамос сака да се приклучи на Севиља? И јас сакам авион, ама....
Претходно беше објавено дека 37-годишниот дефанзивец се надева дека кариерата ќе ја заврши во Севилја. Тој го напушти клубот во 2005 година.
Рамос најголем дел од кариерата го поминаво Реал Мадрид (од 2005 до 2021), а изминатите две сезони беше играч на Пари Сен-Жермен. зс/
Фото: ЕПА