• четврток, 26 декември 2024

Претседателот на руската Дума го обвини Киев дека го соборил рускиот транспортер со украински заробеници

Претседателот на руската Дума го обвини Киев дека го соборил рускиот транспортер со украински заробеници

Москва, 24 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на Долниот дом на рускиот Парламент Вјачеслав Володин, денеска го обвини Киев за соборување на авион во кој се наоѓале 65 украински воени затвореници.

- Тие пукаа во сопствените војници во воздух. Во своите!, им рече Володин на пратениците на пленарна седница.

- Нашите пилоти, кои извршуваа хуманитарна мисија, беа соборени со американски и германски проектили, додаде тој.

Рускиот воен транспортен авион кој утринава се урна во Белгород бил соборен со три проектили, изјави пратеник во рускиот парламент. Пензионираниот генерал Андреј Картаполов рече дека проектилите се модели типови што ѝ биле доставени на Украина од Запад, пренесува Скај њуз.

Русија денеска соопшти дека воен транспортен авион ИЛ-76 со 65 украински воени заробеници се урна во западниот регион Белгород, на границата со Украина, јави Би-Би-Си.

„Во авионот имало 65 заробени војници на украинската армија кои требало да бидат транспортирани заради размена во регионот Белгород, шест членови на екипажот и тројца придружници“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Засега нема реакција од Украина. ссм/

фото: принтскрин

 

Остани поврзан